Шпанските репрезентативци од Барселона се подготвувале да ја бојкотираат репрезентацијата?!

814

Шпанските репрезентативци од екипата на Барселона, Гави, Педри, Ламин Јамал, Кубарси, Касадо, Фермин Лопез и Феран Торес планирале да ги бојкотираат настапите за репрезентацијата, доколку Федерацијата не ги прифати регистрациите на Дани Олмо и Пау Виктор.

Весникот „Ас“ објави текст со кој тврди дека овие фудбалери се договарале да ги користат повредите и недоволната подготвеност како изговор за да избегнат казни. Шпанија ја чекаат мартовските дуели во Лигата на нации. Сепак, не е јасно дали ова е независна идеја на играчите или е некаков притисок од раководството на Барселона, како форма на притисок кон Федерацијата.

ПретходноУште еден отказ во Премиер лигата: Евертон го „шутна“ Дајч
СледноФерари со нова боја на болидите за новата сезона