Шкупи вечерва го најави и третото ново засилување оваа зима. Станува збор за голманот Јавуз Ајгун.
28-годишниот Ајгун до неодамна беше дел од тимот на Коњаспор од турската Суперлига, а и тој како и Емир Јазичи, првите чекори ги направи во Трабзонспор.
Во кариерата Ајгун покрај во Трабзонспор настапувал и во Гецтепе, како и во Јени Ордуспор, Болуспор, Карагумрук и Испарта 32 Спор.
Шкупи потпиша договор со Јавуз Ајѓун до летото 2026 година.