Екипата на Брера во пролетниот дел од тековната ПМФЛ сезона, ќе биде предводена од Тони Атанасов. По заминувањето на Горазд Михаилов, тренерката палка ја презима Атанасов, кој што и досега беше дел од клубот. Негов помошник ќе биде Панче Стојанов, исто така познато фудбалско име за струмички прилики.
„Подготвките ги започнуваме утре сабота и до стартот на вториот дел од првенството ќе работиме на подигнување на физичката кондиција но и на техничко тактички план. Според планот ќе се работи секојдневно а планирани се и неколку контролни средби со кои ќе се подигне нивото на екипата за првенствените и куп мечевите напролет. Паралелно како клуб работиме и на ангажирање фудбалери кои заедно со потенцијалот што го поседуваме ќе го носат товарот во преостаниот дел од првенството“ – изјави Атанасов.