Машката македонска ракометна репрезентација е во полн ек кога станува збор за подготовките за претстојниот Мундијал. Ние сме во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а селекторот Кирил Лазаров прави се нашите момци да бидат 100% подготвени за се што ги очекува на овој дуел.
Па така, денеска Македонија го игра вториот подготвителен дуел во овој период против хртватскиот лигаш, Сесвете, каде што тренер е легендата Игор Вори. Ние веќе спарингувавме со Хрватска, меч во кој одигравме сосема солидно. Мечот против Сесвете ќе биде од затворен карактер, така што нема да има пренос за нас.
Македонија в недела ќе одигра уште еден тренинг натпревар на кој противник ќе ни биде репрезентацијата на Капе Верде или Република Зелен Рт.