Агон Елези на позајмица во Горица

153

Македонскиот репрезентативец Агон Елези заминува на позајмица во тимот на Горица од Хрватска. Откако не се снајде најдобро во тимот на Бохум во Германија, каде што минутажата му беше минимална, Елези се враќа во ХНЛ за да ја врати својата препознатлива форма, која што и му обезбеди трансфер во Германија.

Секако, тој претходно настапуваше за тимот на Вараждин, а сега ќе биде дел од тимот на Горица.

Се работи за шестмесечен престој, а на лето Елези ќе се врати во Бохум. Селекторот Благоја Милевски сериозно сметаше на него во времето кога тој имаше полна минутажа но потоа, со оглед на неговиот статус на резерва на неколкупати беше изоставен со списокот на А репрезентацијата.

 

ПретходноТиквеш се пофали со Филип Михаљевиќ
СледноВоска тргна со новиот тренер Сафет Ислер