Кошаркарите на Црвена звезда остварија нова победа во Евролигата. Вечерва на домашен терен го совладаа Париз со 85:67 и се се поблиску до самиот врв на табелата во Евролигата по четвртата последователна, а вкупно дванаесетта победа во 20 одиграни кола.
Избраниците на тренерот Јанис Сферопулос вечерва имаа одлична завршница во која на Париз не му оставија простор да се надева на успех. Милер-Мекинтајр и Недовиќ постигнаа по 14 поени кај домашните, додека Ти Џеј Шорц постигна 17 поени за Париз.
Претходно, Реал (М) славеше на гости кај Жалгирис со 64.83, додека гостинска победа обезбеди и АСВЕЛ на гостувањето кај Анадолу Ефес (76:82).