Монца и Лече на пат да „извисат“ за пласман во Серија А

33

Екипата на Монца претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Читадела во првиот меч од плеј-офот за пласман во италијанската Серија А. Идниот клуб на Лука Станковски се сопна кога беше најпотребно. Изгуби со 3:0 и сега ќе му треба чудо на свој терен за да го надмине овој пораз и да избори пласман во финалето. Монца, клубот на Берлускони и Галијани, немаше идеја за расположениот Балдини кој реализираше хет-трик.

Реваншот е за три дена на теренот на Монца. Интересно е што Монца регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место, додека Читадела беше дури шестопласирана.
Во другото полуфинале Лече, за кого игра Бобан Николов, изгуби во гости од Венеција со 1:0 со голот на Форте во 47. минута. Така Венеција се најде во пол-позиција за пласман во финалето.

Инаку директен пласман од Серија Б во Серија А направија екипите на Емполи и Салернитана.

ПретходноИталијански фудбалер се обеси во гаража, зад себе остави сопруга и две деца
СледноКонечен расплет: Познати сите парови во НБА плеј-офот