Играчот на Баерн Минхен, Арион Ибрахимовиќ во следните шест месеци ќе го носи дресот на Лацио. Како позајмен играч офанзивецот ќе мине одреден период во Рим, а на лето Лацио ќе има право на откуп од осум милиони евра.
“Арион е млад играч со големи перспективи кој постојано се развива. Арион е во Баерн уште од мал. Сакаме да промовираме играчи како него. Тој дава се од себе на секој тренинг и сега му треба време за игра на највисоко ниво. Ние внимателно ќе го следиме бидејќи го има она што е потребно“, рече спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Ибрахимовиќ минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во тимот на Фросиноне исто така во Италија.