ОФИЦИЈАЛНО: Мален е ново засилување за Астон Вила

100

Холандскиот фудбалер Дониел Мaлен од денеска и официјално е нов фудбалер на Астон Вила. Англискиот клуб не објави на колку годишна верност се обврзал стандардниот репрезентативец на Холандија.

Според дел од англиските медиуми трансферната цена е 23 милиони евра, со потенцијални бонуси од уште три милиони евра.

Мален (25) во Борусија (Д) пристигна во 2021 година од ПСВ Ајндховен, со кој беше холандски шампион во 2018 година.

ПретходноНафиу во дресот на косовски Феризај
СледноКлоп почна со работа во Ред Бул: Ова е тоа што го сакав