Столе Димитриевски и неговата Валенсија вечерва се пласираа во четвертфиналето на шпанскиот Копа дел Реј, откако на гостувањето кај нисколигашот Оуренсе славеа со 0:2. Нашиот репрезентативен голман го почна мечот меѓу стартните 11 за гостите, кои не дозволија никакви изненадувања.
Кармона со автогол во 50. минута им донесе предност на гостите од 0:1, а конечните 0:2 ги постави Садик во 78. минута.