Новак Ѓоковиќ избори пласман во следната рунда, односно во 3.коло на АО во Мелбурн. Утринава најдобриот во историјата со 3:1 во сетови успеа да слави над Жаиме Фарија од Португалија. Србинот не блескаше, ама покажа сила кога беше најпотребно, кога се кршеше резултатот.
Првиот сет Новак го доби со 6:1, во втриот дојдоа проблемите и противникот преку тајбрејк израмни на 1:1 во сетови.
Сепак Ноле одигра одлично во третиот и со 6:3 одново имаше водство, за да во последниот, четвртиот сет, само стави точка на својата победа од 3:1 и пласман во 1/16 финалето на овој прв грен-слем за оваа 2025 година.
Покрај Новак пласман во следната фаза избори и Карлос Алкараз кој го победи Нишиока со 3:0 во сетови.