Јирген Клоп, некогашниот стратег на Мајнц, Дортмунд и Ливерпул, вчера на прес – конференција кажа што и како ќе работи за Ред Бул како прв човек на глобалниот фудбал за Ред Бул.
Сепак во преден план беа прашањата од новинарите за тоа што се случува со Ливерпул и што ќе биде ако Манчестер Сити ќе биде казнет а на “Редси“ им се доделат две титули, од времето кога тој беше нивни тренер и заврши како втор на табелата во тие сезони.
Пред извесно време на истото прашање тој одговори дека специјално ќе дојде во Ливерпул и ќе биде дел од забавата, а вчера само дополни:
“Веќе тоа го кажав, ама ајде да го повторам. Како прво јас сум изненаден од тоа што веќе во март ќе биде познато дали Сити ќе биде санкциониран или не. Ако тоа се случи, и ако Ливерпул ги добие тие две титули, тогаш јасно е. Јас ќе купам пиво и ќе организарам журка во мојот двор. Вие само дојдете“ посочи Германецот.