Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски му бил понуден на словенечки Марибор. Тимот на Марибор се подготвува за пролетниот дел од сезоната во Турција, а во пролетниот дел има задача да се обиде да ја надополни негативата од 6 бода зад лидерот Олимпија и по седумнаесетти пат да ја освои титулата.
Словенечките медиуми пишуваат дека новиот спортски директор Михаел Микиќ заедно со шефот на фудбалските операции во Марибор, Џем Башѓул бараат зимско засилување, а едно од имињата за кои се размислува е токму нашиот дефанзивец. На „виолетовите“ им бил понуден долгогодишниот македонски репрезентативец кој моментално е без клуб, а кој меѓу 2018 и 2022 година играше многу успешно во дресот на хрватска Ријека.
Со оглед на големата конкуренција на дефанзивните позиции во Марибор, словенечките новинари се сомневаат дека до трансфер може да дојде.