Македонските навивачи во Вараждин денеска му оддадоа посебна почит и на Александар Јовиќ, човекот кој долги години го задолжи македонскиот ракомет и како играч и како тренер, а кој денеска ја шокираше спортската јавност со неговата прерана смрт. Во негова чест, ракометните фанови го извикуваа неговото име подготвувајќи се за мечот со Унгарија на СП во Хрватска.