Првата средба во групата на Македонија меѓу Холандија и Гвинеја се игра пред празни трибини. Во Вараждин Арената не може да се почувствува мундијалската атмосфера, а до некаде за оваа средба е очекувано ако се земе во предвид дека дебитантот на СП, Гвинеја нема свои фанови, додека пак Холанѓаните барем засега се во мала бројка. На трибините ги има околу 50-тина.
Оваа атмосфера се очекува да се промени за дуелот меѓу Унгарија и Македонија, кој е закажан со почеток во 20:30 часот. И двете репрезентации ќе имаат поддршка од своите фанови. Фалангата веќе се мобилизира во Варждин, сите се во фан-зоната, наскоро се очекува да ги обојат трибините во „црвено-жолто“. Унгарците исто така се во предност бидејќи Хрватска е блиску до нивата земја.