Еспањол со три бода против Ваљадолид

20

Во првиот меч од новото коло во шпанската Примера, тимот на Еспањол на домашен терен го совлада Ваљадолид со конечни 2:1.

Домаќинот стигна до водство преку Пуадо со голот во 31. минута, додека пак гостите преку Санчез израмнија во 57.

Сепак, домаќинот успеа да обезбеди три бода во 75. минута преку Фернандез кој го постави конечниот резултат.

Со овој триумф Еспањол и тоа како си ја подобри ситуацијата на табелата со оглед на фактот дека го освои 19. бод, што значи дека излезе од опасната зона. ВАљадолид пак остана на сегашните 15. и претпоследното место.

 

ПретходноРома добра против Џенова