Данската телевизија која го намести Начевски, се обиде да го испровоцира Мечка – но удри во ѕид!

11905

По крајно лошата арбитража на данските судии Мадс Хансен и Јеспер Мадсен на дуелот меѓу Холандија и Македонија, кој за жал не беше решен по чиста битка на теренот, данските новинари од „ТВ2“ се обидоа да ја свртат целата приказна и да ги исперат своите судии.

Тие се обидоа да го испровоцираат Милан Лазаревски, мислејќи дека нашиот ракометар ќе ги критикува македонските фанови. Но, се чини во Данска заборавија што значи да си Македонец.

Колку за потсетување ова е телевизијата која го намести Драган Начевски за суспензијата од ЕХФ.

„ТВ2“ однесувањето на македонските навивачи го нарече неконтролирано, а Мечка им порача:

„Можеби е различно и невообичаено кај вас во Скандијавија, но тука не е така како што вие мислите. Можеби не е најпријатното чувство во светот, ама не е баш необично како што луѓето мислат“, беше изјавата на Лазаревски.

На новото прашање дали е добро да се има вакви навивачи, тој додаде:

„Да, секако! Секој ден. Сакам да бидат со нас на секој меч и секогаш. Ги сакам моите навивачи Македонци и секогаш ги поддржувам. Ако треба да зборуваме со нив за нешто, тоа го правиме зад затворени врати. Никогаш нема да ги критикувам во јавност“, рече македонскиот репрезентативец.

Нашите ракометари денеска се слободни, утре го играат последниот меч од групната фаза, за противник ја имаат селекцијата на Гвинеја, нашиот билет за главната рунда.

ПретходноИ после четири дена на СП: Кузмановски и Костески се на врвот на Топ листите!
СледноДали е ова најлошото сценарио за Дувњак во последниот танц за Хрватска?