Зад македонската ракометна репрезентација е една голема неправда да Светското првенство. Синоќа нашите момци беа поразени од Холандија со 37-32 во рамките на второто коло, по судиска неправда на теренот.
Во Вараждин Арената главниот збор го имаа двете „црни лалиња“ од Данска, судиите Мадс Хансен и Јеспер Мадсен. Тие беа најдобрите поединци во редовите на Холандија, им го дадоа потребниот ветер во грб на противничките ракометари и им го отворија патот кон победата.
Македонија на овој натпревар имаше два црвени картони, два жолти и бројни исклучуавања, на другата страна во корист на Холандија беа досудени 12 седмерци нешто што рекот се случува на теренот.