Катар е последниот можен ривал на Македонија во втората фаза

1089

Репрезентацијата на Катар, предводена од Веселин Вујовиќ е последниот евентуален противник на Македонија во втората фаза на Светското првенство. Вечерва, катарците беа подобри од кувајт совладувајќи го со 25:22 и како третопласирани во групата „Ц“ обезбедија место во следната рунда.

Искусниот Жарко Марковиќ со седум постигнати голови беше лидер во катарскиот состав, а Капоте постигна четири.

Данска и Шведска вечерва доминираа против своите ривали и дојдоа до нови победи. Данците ја прегазија Италија со 39:20 за трета победа и убедливо прво место во групата, додека шведска до вториот триумф во вториот меч стигна со убедлива победа над Чиле од 42:30.

Победа остварија и ракометарите на Исланд, кои втора победа запишаа победувајќи ги Кубанците со 40:19.

ПретходноНаполи ќе испрати нова понуда до Јунајтед за Гарначо!
СледноНаполи не го дава врвот, триумф над Аталанта во Бергамо (ВИДЕО)