Зад Шај Гилџес Александар е уште една незаборавна вечер во НБА-лига. Тој постигна рекордни 54 поени во кариерата, а Оклахома Сити Тандер ја совлада Јута Џез со 123-114.
Гилџес-Александар постигна 17 од 35 поени од поле и 17 од 18 слободни фрлања за да го надмине претходниот рекорд од 45 поени. Тој имаше и осум скока, пет асистенции и три украдени топки.
Џејлен Вилијамс додаде 25 поени за Тандер (36-7), кои се изедначени со Кливленд за најдобар рекорд во лигата.
Џон Колинс постигна 22 поени и 12 скока за „џезерите“ кои го загубија четвртиот меч во низа. Јута (10-32), најлошиот тим во Западната конференција.
Натпреварот помеѓу Њу Орлеанс и Милвоки не се одигра поради лошите временски услови во сојузната држава Луизијана, па екипите дополнително ќе го добијат новиот термин за одигрување.
На останатите средби: Атланта – Детроит 104-114, Бруклин – Феникс 84-108, Далас – Минесота 114-115, Хјустон – Клилвенд 109-108, Мемфис – Шарлот 132-120, Оклахома – Јута 123-114, Сакраменто – Голден Стејт 123-117, ЛА Клиперс – Бостон 113-117 (прод.).