Со одигрување на вчерашните мечеви заврши и седмото или претпоследно коло во новата сезона во Лига на Шампионите, која се игра по новиот формат.
Звучи сензацинално, но така е. Манчестер Сити по вчерашниот пораз во Париз е пред елиминација. Сега тимот на Пеп не зависи од себе, и ако победи во последното коло ќе му треба “помош“ од другите.
Ете, тоа е новиот формат на ЛШ.
Пред Сити се Бенфика, ПСЖ, Спортинг и Штутгарт кои имаат по 10 бода, додека Сити има осум. Во секој случај ќе биде супер интересно во последното коло.
За разлика од Сити, тимот на Ливерпул е единствен тим од сите 32, кој максимален ефект. Седум победи во седумте натпревари.
Еве како изгледа табелата по 7.коло во ЛШ: