Македонскиот репрезентативец, Филип Талески после две години би можел да се врати во домашниот шампионат, но овој пат како член на ГРК Охрид. Овој тим во изминатите две години донесе плејада на играчи и покажа дека има буџет за поголеми желби.
Талески е член на Бенфика во која замина во 2023 година од тимот на Вардар.
Тој од Охрид нема добри спомени, пред две години за време на Куп натпреварот против Пелистер, еден од полицајците се обиде со пендрак да го удри, на голема среќа Талески мина лесно.