Жељко Обрадовиќ е најтрофејниот, најдобриот тренер во историојата на Евролигата. Познат е по тоа и дека ако неговиот тим води и со +30 поени разлика, знае да им се развика на своите кошаркари да играат уште подобро.
Да не говориме во каква состојба е кога тие играат слабо и губат.
Сепак вчера во „Штартк Арената“ во Белград, на мечот меѓу Партизан и Париз, кој го добија “црно – белите“, го видовме Жељко во еден момент како “шекнува“ од радост по забивањето на Карлик Џонс.
Ова е момент кој не се пропушта, момент за историја.
Погледнете…
Came for the dunk, and stayed for Obradovic #EuroLeague pic.twitter.com/xYhf48eqoB
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) January 22, 2025