Елмас се поблиску до 6-месечна позајмица во Валенсија

149

Германскиот новинар Флоријан Платенберг синоќа објави дек апрашање на време е кога ќе се затвбори позајмицата на Елиф Елмас од РБ Лајпциг во екипата на Валенсија. Нашиот репрезентативец кој не успеа да се наметне во бундеслигашот, по се изгледа ќе оди на 6-месечна позајмица во Ла Лига, тимот во чии редови настапува и нашиот голман Столе Димитриевски.

Утрово од локалните медиуми од Валенсија пишуваат дека откако пред 48 часа стана јасно дека Енцисо од Брајтон нема да пристигне на „Местаља“, управата на Валенсија ја продолжува потрагата по Андре Алмеида, кој сега е прв „пик“ на тренерот Карлос Корберан. Ако Валенсија не успее и со него, трета опција е нашиот Елмас.

Како што велат во Шпанија, Валенсија е навикната да ги затвора зделките на крајот од зимските пазари, а договорот на Елмас исто така може да трае до крај.

ПретходноКостески: Македонија треба да се радува, одигравме одлично првенство!
СледноИако се фаворити, Французите се внимателни: Нема да ја потцениме Македонија, игра добар ракомет!