Полувреме во Вараждин: Франција е „машина“, Македонија има негатива од четири гола

465

Македонската ракометна репрезентација по првите 30. минути против фаворитот Франција има негатива од 4 гола (18-14). Ова е последен меч од главната рунда на Светското првенство, последен за нашите ракометари, кои не смеат да изгубат девет разлика доколку сакаат да останат на четвртото место.

Митревски има шест одбрани, Кузмановски е стрелец на пет гола, додека Митев на 4.

Возбудливи 10 минути. Македонија отвори со голот на Митев, кој во првите пет минути постигна три од вкупните четири за Македонија. По последното водство од 4-5, нашите ракометари направија техничка грешка, а противникот казни.

Франција за првпат поведе во 6-та минута со 5-4. Кузмановски израмни (5-5), а подоцна Македонија не искористи играч помалку и удар од седум метри. На другата страна стигна казна, серија од 3-0 за „триколорите“ и водство од 8-5 во 12-та минута. Со две одбрани на Митревски, нашата репрезентација се врати на минус еден (8-7), а потоа успеа да израмни на 9-9 (Кузмановски+Костески) на средината на второто полувреме. Од овој момент, Франција направи серија од 6-1 и поведе со 15-10 во 21-та минута, во меѓувреме противничкиот голман, Де Боне успеа да одбрани нови два седмерци.

Митревски ја запиша четвртата одбрана, Серафимов и Петар Атанасијевиќ успеаја да одговорат реализаторски за 15-12. Сепак, Македонија остана со играч помалку, Павле доби две минути исклучување. Две нови грешки беа доволни за да Франција ги врати највисоките плус пет (17-12). Кузмановски конечно го совлада Де Боне од седум метри за 17-13. Во последната минута од првото полувреме Македонија остана со играч помалку, Ѓорѓиев се избори за седум метри, Кузмановски намали на 18-14.

ПретходноРаботнички славеше на гости кај Чаир!
СледноОФС Куманово со порака: Максимална поддршка за Масар Омерагиќ!