Гилџес-Александер со 52 поени не успеа да ја спаси Оклахома, меч на сезоната за Зубац

170

Хрватскиот кошаркар во дресот на ЛА Клиперс, Ивица Зубац синоќа на дуелот против Виктор Вембањама и неговиот Сан Антонио го одигра натпреварот на сезоната и му донесе победа на составот од Калифорнија. Клиперси ги победија Спарс со 128:116 во Сан Антонио, а Зубац постигна 21 поен со 22 скока, што е негов рекорд во сезоната.

Тоа беше негов втор најдобар скок учинок во кариерата, откако имаше 29 скока и 31 поен против Индијана во 2022 година, што беше и најдобар натпревар во неговата кариера.

Вембањама мечот го заврши со 23 поени, два повеќе од Зубац, со 12 скока.

Меѓу другите натпревари, вреди да се издвојат победата на Минесота на гости кај Феникс од 121:113, како и победата на Голден Стејт над Оклахома Сити од 116:109 и покрај 52-те поени кои ги постигна неверојатниот Шеј Гилџес-Александер.

Никола Јокиќ и неговиот Денвер беа поразени во Њујорк со 122:112, а Јокиќ одигра еден од најслабите мечеви сезонава со 17 поени (6/15 од поле, 3/7 за три), забележа шест скока и исто толку асистенции.

Резултати:

Шарлот – Бруклин 83:104

Вашингтон – Торонто 82:106

Индијана – Детроит 133:119

Филаделфија – Сакраменто 117:104

Њујорк – Денвер 122:112

Мајами – Кливленд 106:126

Бостон – Чикаго 122:100

Сан Антонио – ЛА Клиперс 116:128

Њу Орлеанс – Далас 136:137

Феникс – Минесота 113:121

Голден Стејт – Оклахома Сити 116:109

ПретходноЛШ: Познати се можните двојки во 1/16 финалето – Сити против Баерн или Реал! (ФОТО)
СледноНико Ковач денеска ја презема Борусија (Д)