По неполни три месеци Рен го отпушти Сампаоли

83

По неполни три месеци на клупата на француски Рен, Хорхе Сампаоли доби отказ. Како што објавија од Рен, тие вчера му врачиле отказ на 64-годишниот Сампаоли.

Аргентинскиот стратег седна на клупата на францускиот тим во ноември 2024 година и не успеа да се задржи таму подолго од три месеци.

Рен загуби пет натпревари по ред, вклучувајќи го и поразот во Купот на Франција од Троа (0:1). Очигледно клупската управа нема трпение да чека подобри денови и реши уште денеска да побара нов тренер кој ќе го спаси тимот од можно испашање од Лига 1.

Во Лига 1, Рен моментално се наоѓа на 16. позиција во поредокот, со 17 бодови од 19 натпревари.

ПретходноСветски шампиони во уметничко лизгање биле во авионот кој се урна во Вашингтон
СледноМиленкоски и Љафтов елиминирани во четвртфиналето на Челинџ Купот на ЦЕВ