Антонио Конте стопирал два трансфери

349

Тренерот на Наполи, Антонио Конте ги стопираше двата појдовни трансфери за клубот во јануари. Се очекуваше „наполитанците“ да се разделат со Џакомо Распадори и Рафа Марин, но на крајот и двајцата останаа на „Диего Марадона“, причината беше тоа што клубот не успеа навреме да ги потпише нивните замени, само во последен момент го доведе Ноа Окафор од Милан на позајмица.

„Распадори сигурно би сакал да игра повеќе, но тренерот јасно стави до знаење дека нема да го пушти да си замине. Се обидувавме да најдеме решение до последен момент, но тоа не успеа. Наполи е на врвот на табелата и од нивна гледна точка Џакомо е важна алтернатива за нивните офанзивни играчи од средниот ред. Тој е среќен тука и се надева дека ќе освои уште едно скудето“, откри Тули.

Во исто време, Наполи беше подготвен да го продаде Рафа Марин на Виљареал, но претходно се надеваше дека ќе ги обезбеди услугите на Пјетро Комуцо од Фиорентина. Сепак, тоа не се случи и Шпанецот остана во Неапол.

ПретходноБостон шампионски, Дончиќ уживаше во победата на Лејкерс, Далас пак загуби (ВИДЕО)
СледноБарселона разочарана од три неуспешни продажби