Холанѓанецот Коиј на крајот на сезоната заминува од Вардар

111

Ракометарот на Вардар и холандски репрезентативец, Ларс Коиј, следната сезона ќе има нов клуб. Според последните информации Коиј по завршувањето на оваа сезона се сели во Бунделсигата во дресот на Бергишер.

Германскиот тим денеска го промовираше своето засилување за следната сезона на пивотменската позиција. Коиј ќе се пресели во Бергишер без оглед на тоа дали клубот ќе успее да се врати во најсилната германската лига или како и сезонава ќе настапува во Втората Бундеслига.

ПретходноРезултатскиот „бродолом“ на Пелистер продолжи: Битолчани поразени од Феникс 2010
СледноАмериканката Џонсон го освои златото во спуст на Светското првенство во Залбах