Американката Бризи Џонсон сензационално го освои златниот медал во спуст на Светското скијачко првенство во Залбах. Таа со време 1:41.29 минути дојде до првото место, откако стартуваше со бр. 1.
Интересно е тоа што 29-годишната Џонсон нема освоено ниту еден светски куп во кариерата, а ова е нејзин прв медал во кариерата. На Светските првенства, нејзиниот најдобар резултат досега беше деветтото место во спуст во 2021 година. Во шест сезони од натпреварувањето на Светскиот куп, таа седум пати беше на подиумот во спуст, но никогаш на највисокото скалило.
Среброто го обезбеди Австријката Мирјам Пухнер со заостанување од 15 стотинки, а бронзата и припадна на Естер Ледецка од Чешка со 21 стотинка зад победничката.