Одличен, блескав настан на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ вечерва во дресот на Олимпија Милано во првенството на Италија. “Манекените“ од Милано на гости кај Сасари славеа со 72:78, а Македонецот беше најефикасен на средбата и тоа со 15 поени, притоа забележа девет скокови и две асистенции во тие 24 минути колку што беше на теренот.
Нема што, Нено полека, но сигурно покажува и докажува дека станува еден од клучните кошаркари во култниот тим од Милано.