Турците си заминаа од Воска, си замина и тренерот Ислер, охриѓани со стратег од Албанија!

1555

Се чини дека Воска нема да биде со турски инвеститор. Имено иако сеуште нема ништо официјално, во Охрид и фудбалската чаршија во Македонија наголемо се говори дека Турците си заминале од клубот па така сега останува Нефи Усеини повторно да го води клубот кој напролет го чека пекол во битката за опстанок.

Со заминувањето на турскиот спонзор, си заминал и тренерот Сафет Ислер а на негово место доаѓа стратег од Албанија, извесен Клодиан Арбри кој не е познат во македонската јавност.

Исто така се наведува дека сите најавени и промовирани засилувања во зимскиот преоден рок, кои беа донесени од страна на турскиот спонзор нема да го облечат дресот на прволигашот од Охрид.

Јасно е дека по се ова доаѓаат тешки моменти за Воска и јасно е дека само чудо може да го спаси овој клуб од преселна во Втората лига.

ПретходноДали Леброн мислеше на Лука: “Кога кловнот влегува во палата, тој не станува крал, туку палатата станува циркус“!
СледноФехервар ја одбил првата понуда на Ал Џезеира за Серафимов!