Еве што им кажа тренерот на Плимут, инаку Босанец, на своите играчи откако го победија Ливерпул! (ВИДЕО)

787

На само 9 години со своите најблиски беше бегалец од Бихаќ (БиХ) во Австрија. Побегна од ужасната војна во екс – СФРЈ. Станува збор за Мирон Муслиќ, тренерот на Плимут кој вчера во меч од 1/16 финалето во ФА Купот го надмудри Арне Слот и ја направи сензацијата на денот. Последниот тим од Чемпионшип го исфрли лидерот во Премиерлигата, тимот на Ливерпул од најстарото фудбалско натпреварувања во Англија.

Сега Мирон е “фаца“ на Островот, а тој скромно истакнува дека таа победа е дело на неговите играчи кои ги има од 16 земји.

Тој творецот на ова фудбалско чудо, затоа и го сакаме фудбалот.

Покрај другото Мирон кажа зборови кои го воодушевуват секој нормален човек на овој свет:

Во нашиот тим, во нашата соблекувална има играчи од 16 земји. Замислете колку светот би бил прекрасен ако функционира на начин на кој што функционира нашата соблекувална“.

Секоја чест за тренерот од БиХ.

Во продолжение слушнете го неговиот говор во соблекувалната по победата над Ливерпул…

ПретходноДобри вести за Барселона и Араухо
СледноВоска го доведе репрезентативниот голман на Гамбија