Екипата на јувентус утре на домашен терен во рамките од елиминационата фаза од Лигата на Шампионите ќе го пречека тимот на ПСВ на свој терен. Тренерот Тиаго Мота на денешната официјална прес конференција рече дека тимот добро се подготвува и дека е свесен што треба да се стори за да се мине овој ривал.
„Сите во клубот се свесни за важноста на овој натпревар. Знаеме и што мора, а што не смееме да му дозволиме на противникот за да победиме. Предизвикот пред нас е да го покажеме најдоброто“, изјави Мота.
“Гледам дека момците се фокусирани на својата задача“, продолжи тренерот. – Ќе се соочиме со противник кој игра многу добар фудбал. Холандскиот тим е составен од многу млади играчи, кои не се плашат да притиснат. Нивните двајца бекови често се вклучуваат во нападот и ние мора да бидеме подготвени за тоа. Нашата цел е да напредуваме. Многу работи се сменија од нашата победа во септември. Сега очекувам сосема поинаков натпревар. Нашата цел е постојано да се подобруваме. Сакам да гледам колку сме храбри и како напаѓаме. Лично го доживувам секој натпревар и не ми е важно кој од кое натпреварување е. Освен тоа, сега сме домаќини, што дополнително ни создава притисок. “ – изјави Мота.