Воска го доведе репрезентативниот голман на Гамбија

982

Бабоукар Гаје е новиот голман на тимот на Воска. Откако охриѓани зимава ги платија долговите и добија дозвола за трансфери односно регистрација на играчи, управата веднаш се ангажираше да доведе што е можно поквалитетни играчи.

Па така, од денеска нов голман на Воска е ни помалку ни повеќе туку репрезентативниот голман на Гамбија, Бабоукар Гаје, кој што има и пасош на Германија.

Неговите почетоци како чувар на мрежата се во тимот на Билефелд, за да потоа премине и во Арминија. Следува трансфер во Штутгарт, па во Кобленц, а негов последен клуб е тимот на Локомотив Софија.

Тој во моментов има 26. години, а за репрезентацијата на Гамбија има дебитирано во 2020 година и забележа досега 17 настапи.

 

ПретходноЕве што им кажа тренерот на Плимут, инаку Босанец, на своите играчи откако го победија Ливерпул! (ВИДЕО)
СледноМота: Знаеме што треба да направиме за да го победиме ПСВ