Некогаш веројатно талентот број еден на светот, Жоао Феликс никогаш до крај не ги исполни очекувањата за него. Дали причина за тоа беше трансферот во Атлетико Мадрид и фудбалот кој што не му одговараше ќе мора да каже самиот тој, а во меѓувреме тој се обидува да остави што е можно подобар впечаток во дресот на Милан.
Тој во Милано е на позајмица, а според зборовите на самиот напаѓач, тој таму се чувствува одлично и не сака на лето да си замине кога позајмицата ќе заврши.
„Точно е дека тума сум само на позајмица, но доколку истата може да се продолжи јас ќе се согласам на тоа со задоволство. Ова е еден од најдобрите европски клубови, во кој ќе направам се за да оставам што е можно подобар впечаток. Кака е мојот идол од детството. Интер исто така имаше желба да ме доведе но тоа беше невозможно. Јас бев решен да дојдам во Милан“ – рече Феликс.