Манчестер Ј. ќе го пушти Касемиро на позајмица во Фламенго, но под еден услов

755

Манчестер Јунајтед е подготвен да го пушти Касемиро да замине во Бразил. Англискиот клуб се согласил да го позајми играчот од средниот ред и да помогне со дел од неговата плата, само доколку Фламенго прифати да плаќа поголем дел од неговите актуелни обврски според договорот.

„Дури и со помош на Манчестер Јунајтед, тие сепак ќе мора да платат многу“, истакна новинарот Хорхе Никола.

„Дејли Мејл“ пишува дека Касемиро заработува 375.000 фунти неделно и е меѓу најплатените играчи во Манчестер Јунајтед. Оваа сезона 32-годишниот играч од средниот ред одигра 14 натпревари во Премиер лигата и постигна 1 гол.

ПретходноШпанската федерација има нов претседател и воведе правило „анти-Пике“
СледноИнтер му „дише во врат“ на првопласираниот Наполи