Шпанската федерација има нов претседател и воведе правило „анти-Пике“

488

Рафаел Лузан е нов претседател на Шпанската фудбалска федерација. Вечерва Лузан е назначен на местото на Луис Рубиалес, кој беше исклучен од федерацијата поради бакнувањето на една фудбалерка по триумфот на Светскиот куп за жени во 2023 година.

На Лузан дури ќе му се преполови платата во споредба со Рубиалес, па ќе мора да се задоволи со приближно 380.000 евра годишно.

На состанокот одржан вечерва беше направена уште една интересна промена. Федерацијата реши да се воведе таканаречено правило „анти-Пике“, кое ќе ги спречи активните играчи комерцијално да се вклучат во меѓународни турнири. Ова доаѓа неколку години откако Рубиалес одлучи да го пресели шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија, а договорот беше одобрен преку компанијата Космос која беше во сопственост на Жерар Пике, кој тогаш беше фудбалер на Барселона.

Подоцна беше утврдено дека двајцата имале пријателски односи и се договориле Рубиалес да има удел во профитабилната трговија.

ПретходноФА Куп: Го елиминираа Ливерпул, сега пред нив е Манчестер Сити
СледноМанчестер Ј. ќе го пушти Касемиро на позајмица во Фламенго, но под еден услов