Перез за Валверде: Го купивме за 5 милиони евра, а сега вреди 300 милиони!

527

Федерико Валверде на мечот со Манчестер Сити во плеј – офот во ЛШ, во Реал Мадрид победи со 2:3 како гости, покажа дека уште еднаш дека е екстра класа. Иако играше како десен бек тој уште еднаш докажа дека е играч кој без разлика на која позиција игра, секогаш го дава максимумот.

Флорентино Перез беше воодушевен од изданието на својот тим, а посебно имаше пофални зборови за Уругваецот:

Според мене тој вреди 300 милиони во моментов. Неговите изданија се непроценливи. Одигра навистина квалитетен меч на таа десна бековска позиција, иако важи за класичен играч од средниот ред. Ние го купивме за 5 милиони евра, а сега како што веќе реков, вреди 300 милиони. Има договор до 2029 година. Можеме да бидеме мирни, никаде нема да оди, останува во Реал Мадрид“ истакна првиот човек на “кралевите“.

ПретходноДончиќ безпомошен во катастрофата на Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)
СледноКуп на Македонија: Може ли Гевгелија да се случи чудо?