Тимот на Бриж со предност ќе патува на реваншот во Италија следната недела во рамките на плеј – офот во Лигата на Шампионите. Тимот од Белгија со гол од пенал во 90+3.минута и тоа од пенал на Нилсон, славеше против Аталанта со 2:1.
Тимот од Бергамо реагираше на досудениот пенал, но сепак таа судиска одлука остана и со тој гол Бриж пред своите фанови извојува победа.
Инаку Бриж дојде во водство со голот на Јутгла во 15.минута, а гостите израмнија на 1:1 во Пашалиќ во 41.минута.
Реваншот се игра во втоник во Бергамо, а тимот на Гасперини, се виде и вечерва, нема да има така едноставна работа за пласман во 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.