“Бомба“ од Париз: Катарците си заминуваат од ПСЖ, виновникот е Насер Ал-Келаифи?!

1407

Медиумите во Франција детонираа вистинска “бомба“. Имено се наведува дека после речиси 15 години тие имаат намера да си заминат од ПСЖ, едноставно разочарани се од се она што се случува во клубот.

Интересно е тоа што ова се пренесува во моментите кога на “светците“ добро им оди и резултатски и играчки, кога се најавува и изградба на нов стадио во Париз.

Инаку се наведува дека за оваа одлука на катарските пребогати шеици, причината бил претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи. Едноставно тие биле разочарани од се она што го направил или не го направил во клубот. Најмногу поради тоа што е поврзуван со повеќе скандали, дека е поврзуван со неколку судски процеси и поради мито и корупција.

Ал-Келаифи е повикан на рапорт во Доха, да каже што има да каже, но се чини дека работата е отидена дотаму од каде нема враќање.

Сепак треба да се каже дека и во минатите месеци, па и години, се шпекулираше за вакво нешто, но ниту инвеститорите си заминаа од Париз а уште помалку Ал-Келаифи беше тргнат на страна.

ПретходноАлександар Васоски: Не криеме, сите во Силекс ја сакаме титулата!
СледноШпанските медиуми: Има еден играч на Реал со кого Лука Модриќ веќе не комуницира!