ЕХФ за Кузмановски: Запрете го ако можете (ВИДЕО)

706

Пелистер не успеа да приреди изненадување на гостувањето кај Спортинг Лисабон во рамките на 11. коло во Лигата на шампиони, беше поразен со 30-24. Актуелниот македонски првак беше конкурентен до 45. минута по која домашниот тим ја започна својата доминација и на крајот лесно дојде до бодовите.

Прв стрелец кај Пелистер беше капитенот Филип Кузмановски, кој имаше шест гола од 15 обиди. Еден од неговите погодоци се најде на „радарот“ на ЕХФ.

„Запрете го ако можете, еден од најсилните шутеви во лигата“, стои во описот на ЕХФ.

ПретходноЕдукативна трибина за одговорно играње на игри на среќа!
СледноСтојановски: МЗТ е фаворит на хартија, но не е непобедлив!