Освојувачот на Купот на Македонија, РК Алкалоид денеска замина за Италија каде ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето на Европскиот куп на ЕХФ против РК Бриксен.
Мечот е закажан за 15 февруари (сабота) со почеток од 19:00 часот. Реваншот ќе се одигра во Скопје, но Алкалоид ќе се обиде да направи добар резултат уште на првиот меч и да остане во трка за четвртфиналето.