Со голот на аргентинскиот интернациоиналец Суле, тимот на Рома успеа да слави на гостувањето кај тимот на Парма. Миминалните 0:1 се случија во 33. минута од мечот, а претходно домаќинот остана без играч помалку. Црвен картон доби Леони во 31. минута.
Во остатокот од мечот, и обата тима имаа по неколку ситуации пред противничкиот гол, но резултатот повеќе не се промени.
Рома со овој тирумф стигна до 37. бод сезонава и комотно може да се констатира дека излезе од кризата со помош на искусниот стратег Раниери, додека пак Парма со сегашните 20 бода и место во зоната за исшаѓање ја чека тешка битка за опстанок.