ЛШ плеј – оф: Баерн и Бенфика на чекор до 1/8 финале, Италијанците “бркаат“ негатива!

79

Вечерва се играат четири реванш меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Секако дека се очекуваат супер интересно дуели, посебно ако се знае дека по првите мечеви ниту еден тим не успеа да победи со толкава разлика за да биде мирен во реваншот.

Сепак Баерн Минхен и Бенфика се на чекор до 1/8 финале. “Баварците“ на свој терен го чекаат Селтик со предност од првиот меч од 2:1, додека Бенфика во Лисабон против Монако ќе почне со 1:0.

Значи се прашуваат германскиот и португалскиот гигант.

За разлика од нив Италијанците, поточно Милан и Аталанта вечерва како домаќини ќе “бркаат“ негатива.

Милан го дочекува Феенорд со 0:1 од првиот меч, а Аталанта игра во Бергамо против Бриж и стартува со 1:2. May be an image of ‎soccer, football and ‎text that says '‎KNO PHASE PLAY-OFFS PLAY- SECOND-LEG FIXTURES 1899 VS REYENOORD ROTTERDANI AGG:0-1 AGG: 0-1 TALANTA ((ق)) 1901 VS RUGGE AGG: 1-2 CBAYERN MUNCHEN vs VS AGG: AGG:2-1 2-1 Α3MOHACOKC VS AGG: 1-0‎'‎‎

ПретходноМакедонија повторно се обидува со Арда Куртулан
СледноМатеј Момчиловски на позајмица во Бриње Гросупље