Македонскиот младински репрезентативец Матеј Момчиловски ќе игра до лето на позајмица во словенечкиот второлигаш Бриње Гросупље.
Офанзивецот веќе одработи една позајмица во Словенија, поточно во тимот на Триглав, каде што имаше добра минутажа, па очигледно дека му одговара оваа конкуренција.
Од Ријека, неговиот матичен клуб, очигледно дека посакуваат тој да има што поголема минутажа, па нормално е што Момчиловски оди во клубови каде што му го гарантираат тоа.