Се играше 33.минута вчера на “Сантијаго Бернабеу“ на мечот Реал – Сити кога Килијан Мбапе направи нешто што долго, долго ќе се памети. Прекрасно ја прими топката по асистенцијата на Родриго и на мајсторски начин го прати Гвардиол “по бурек“, потоа не му беше тешко да ја погоди мрежата на Едерсон за водство од 2:0. Подоцна постигна уште еден гол за хет – трик.
По тој втор негов гол, Мбапе и тоа како се израдув, а во еден момент покажа кон паднатиот Хрват и дефанзивец на Сити, како да сакаше да каже…Видовте ли што му направив“!
Нема што, вистинска мајсторија на најспектакуларниот фудбалер во светот во моментов.
Mbappe really broke Gvardiols Ankles
😂😂😂, Hurts to watch pic.twitter.com/60v2LvJZv1— MAGE 🐧 (@Mage_Crypt) February 20, 2025