Ламине Јамал иако во јули ќе наполни 18 години, веќе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Оваа сезона важи за клучен играч на Барселона, тим кој има добри шанси да дојде до трофеите во Ла Лига и во Лигата на Шапмпионите.
Раководството на Барселона пред неколку месеци се пофали дека на лето со нов договор ќе го “врзе“ својот бисер и дека намера така лесно да го пушти без разлика дали ќе има и колкави ќе бидат тие понуди, се разбира од финансиска гледна точка.
Младиот офанзивец, инаку и еден од најдобрите репрезентативци на својата земја, постојано истакнува дека не го инзтересира никој друг клуб освен неговата Барселона.
Инаку во една прилика на новинарско прашање што треба да се случи тој да го облече белиот дрес на Реал, Јамал си кажа:
“Никогаш нема да играм за Реал Мадрид“!