НБА-лигата прекина една голема традиција во распоредот за новата сезона и тоа на штета на Никола Јокиќ.
За првпат од 2008 година на божиќната програма од пет мечеци на 25. декември нема да игра тимот чиј кошаркар минатата сезона беше МВП. А тоа е секако Денвер на спрскиот репрезентативец, полуфиналистот на Западната конференција.
Јокиќ имаше одлична сезона со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции, оставри 60 дабл-дабл и дури 16 трипл-дабли.
На Божиќ ќе играат: Атланта – Њујорк, Бостон – Милвоки, Голден Стејт – Феникс, Бурклин – ЛА Лејкерс и Далас – Јута.
Christmas arrived early 🎄🏀 pic.twitter.com/zrTrKe2yTz
— SportsCenter (@SportsCenter) August 17, 2021