Каков меч, каква победа на Ријека во дербито во Хрватска. Резултатот од 4:0 секако дека не е грешка туку вистина. Ова беше таков невиден дебакл на шампионот под водство на стратегот Фабио Канаваро.
Инаку кај Ријека последните минути ги одигра и репрезентативецот Јован Манев кој оваа зима се пресели кај лидерот на табелата во ХНЛ. Додека на клупата на Динамо беше Стефан Ристовски, па така на ова дерби настапи само Аријан Адеми кој беше и стартер на оваа средба.
По овој меч, Ријека сега има 45 бода и натаму е лидер на табелата. Втор е Хајдук со бод помалку а Динамо е трет со 38 бодови.